Бумбарите имаат трик со кој ги тераат растенијата да цветаат порано

popara26 мај, 20201min00
бумбар

Швајцарските научници откриле необично однесување кај бумбарите кои го поттикнуваат цветањето на растенијата. Приметено е дека бумбарите кога не можат да најдат полен грицкаат листови од билки кои се уште не цветаат. Изгледа дека “штетата која ја предизвикуваат на тој начин ги мами растенијата и тие почнуваат да цветаат, понекогаш и 30 денови порано од вообичаеното.

Швајцарските научници објавиле дека во лабораторија не успеале да го повторат овој трик со бумбарите со исти резултати. Бумбарите се одлични запрашувачи за посеви како домати и боровници и се меѓу првите инсекти кои се појавуваат за да си ја работат работата цела сезона.

Но, како и останатите запрашувачи и бумбарите исчезнуваат. Се потоплите денови во Европа и Северна Америка придонесуваат за нивно изумирање. Новото откритие за бумбарите може да биде значајно за нивниот опстанок.

Грицкањето на растенијата упатува некои специфични знаци. Веројатно се работи за лачење на некои сокови за кои луѓето се уште не знаат, но треба да се истражи. Заклучено е дека кога има полен, бумбарите не ги оштетуваат растенијата. Се претпоставува дека растенијата, а не бумбарите, во овој процес би можеле да имаат главна улога. За растенија кои зависат од опрашување клучно е да цветаат кога се во близина на запрашувачо како што се бумбарите.

Можно е и самите растенија да создале стратегија на цветање во моментот кога ќе почуствуваат дека пчелите им нанесуваат штета на листовите.

“Фасцинантно е колку не знаеме за органзимите за кои мислиме дека добро ги познаваме. Неверојатно е тоа совршенство на природата во сите облици”, изјавила De Mores, докторка која со години се занимава со оваа тематика.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma