Иако се паузирани туристичките патувања поради корона епидемијата сепак на пазарот има раст на побарувачката за приватни острови.
Привилигирани поединци кои можат да си го пружат ова задоволство бираат екстравагантен начин за изолација со тоа што бараат прибежиште на праватни остроби, за кои побарувањето во месец март е зголлемено според информациите.
Генералниот директор на компанијата Онтарио, која се занимава со продажва и изнајмување на недвижности на приватни острови, Крис Кролов за CNN изјавил дека добиваат дури 150 барања на ден што е за голем процент зголемоно за разлика од периодот пред пандемијата. Повеќето потенцијални кллиенти потекнунваат од САД и Канада, а ги интересираат острови во Централна Америка и Карибите.
- Бараат места кои им се достапни па поради тоа ги исклучуваат опциите во Азија и Јужниот Пацифик – изјави Кролов.
За да биде поголем парадоксот имало и клиенти од други делови на светот кои сакале да резервираат во месец март и април но тоа било невозможмо поради затварањето на границите.
Цената за ноќевање на еден таков остров, Гледен во близина на Белизе, за две лица изнесува 3 695 долари. Островот има површина од 1 хектар и може да прими најмногу 4 лица. До него се стигнува со чамец, а персоналот од 4 лица жовее на соседниот остров.
Иако побарувањето за издавање на приватните острови е во пораст сепак продажбата е намале. Кролов навел дека откако е почната пандемијата немаат продадено ниту еднен остров, а како причина за ова ја наведува неможноста на клиентите да го видат местото самите.
На Бахамите пак е сосема друга ситуација.Таму цените се движат од 50 000 долари за помал неразвиен остров па се до 150 милиони долари за остров од неколку илјади хектари, со феноменална вила на Карабите, а купувањето на ваква недвижност може да биде многу скапа инвестиција особено затоа што доколку сакате да градите може да се соочите со локалната бирократска власт за да добиете дозвола за градење. Иако самиот процес не се разликува многу од купување на куќа, со потпишување на договор островот е ваш.
Освен интересниот Карибски регион исто така и на Бахамите има зголемено побарување на приватни острови, а тоа го потврди и брокерската компанија Damiano’s Sotheby’s International Realty. Порано во текот на месецот имале 12 до 15 барања, додека за време на пандемијата тој број се зголемил на повеќе од 30 месечно.
А еве ја и причината поради зголемениот интерес за Бахамите. Не се плаќа данок на добивка, а и Бахамите се релативно блиску до САД и важат за политички и економски стабилен регион. Компанијата Damiano’s имаат да понудат околу 20 приватни острови, а скоро половината од нив веќе се ставени на продажба од минатата година.
Се претпоставува дека социјалното дистанцирање ќе трае многу подолго откако ќе бидат отворени границите и поради тоа се очекува зголемен број на заинтересирани за изнајмување на острови каде ќе можат да бидат подалеку од другите заедно со своите фамилии и најблиските пријатели.
А што е подобро за социјално дистанцирање од приватен остров со совршено окружување.