Градби кои ќе ве остават без здив:
Чудата кои ни ги нуди модерната архитектура полека го освојуваат светот, а поради некои градби туристите се спремни да одат и на крајот од светот.
Зградата која се ротира е идеја на архитектот Дејвид Фишер и треба да “никне” во Дубаи. Апартманите ќе можат да се ротираат за 360 степени, а еден таков апартман ќе има вредност од околу 30 милиони долари.
Сличен пример е и зградата која ќе и припадне на Управата за Пристаништа во Антверпен, Белгија. Изградбата на оваа стаклена кула започната е во 2012та година и е дело на Заха Хадид. Таа, исто така, е автор и на Галакси СОХО зградата во Пекинг, поточно тоа се пет згради коишто меѓусебно се поврзани со мостови. Кога се набљудуваат, овие згради делуваат како проект произлезен од иднината.
Гугенхајм музејот во Билбау, е спој од метални и природни материјали, а најразличните разиграни облици создаваат уникатен облик. Во оваа зграда е сместен музејот на Современата уметност и завзема простор од 32.500 квадратни метри. Изградена е во 1997ма година по проектот на Френк Гериј.
“Сончевите зраци се рефлектираат на металнта површина од зградата на Гугенхајм музејот”
Капелата Нотр Дам, дело на славниот француски архитект Ле Корбизје, изградена е во 1950та година и воопшто не наликува на традиционалната капела. Нема главна фасада, а при конструирањето на кровот, авторот бил инспириран од школката на раковите. Самата градба наликува на печурка и доминира во своето опкружување.
Градот Лондон е познат по Биг Бен, но зградата “Геркин” исто така е една од најпознатите градби во овој град. Позната е уште и по називот “краставичка”, се наоѓа во Центарот за финансии и со својот изглед се издвојува од останатите. Авторот Норман Фостер добитник е на многубројни награди за ова оригинално дело.