Популарниот шпански актер Педро Алонсо, кој на домашната публика и е познат по својата улога во Берлин од серијалот „La casa de Papel“, долги години е во врска со девојка од Србија.
Имено, станува збор за Татјана Џорџевиќ, чие сценско име е Tixie Jambass, а таа е хипнотерапевт чии услуги Педро често ги рекламира на својот Инстаграм. Покрај тоа, двајцата уживаат да се сликаат заедно.
Педро е роден во Виго и дипломирал на Кралската школа за драмски уметности во Мадрид. Иако стана ѕвезда преку ноќ благодарение на популарната серија, Педро нема преголеми амбиции да глуми во блокбастери и да ја гради својата актерска кариера, туку сака да ужива во животот.