Популарната пејачка Адел ја воодушеви јавноста кога конечно ги објави сликите од својата трансформација. Во минатиот период таа ослабела 45 килограми, а сега е откриено и колку години и биле потребни за да биде конечно задоволна од својот изглед.
Иако сè изгледало како недостижен сон, Адел успеала во својата мисија. Некогашната секси буцка сега стана вистинска мачка, а своите тенки бедра и тенок струк гордо ги истакнува.
Дека не е лесно преку ноќ да се намалат 45 килограми доказ е пејачката. Години на одрекување и патење на крајот дале одличен резултат.
Во оваа макотрпна борба не била сама. Патот до целта го поминала со помош на семејството, но и докторкара која решително работела со неа на нејзината самодоверба.