Изреката “круша под круша паѓа” не може да биде поточна кога се тие во прашање.
Додека Лионел Ричи се прославуваше како еден од најдобрите пејачи и текстописци, неговата ќерка, Софија (21) се изгради како бренд во светот на модата и денес е успешна, млада дизајнерка. Нема сомнеж дека и двајцата се неверојатно талентирани, со оглед на тоа што и Софија поседува одлични гласовни способности!
Всушност, кога младата Софија му соопштила на својот татко дека сака да оди по неговите стапки, тој и посакал многу неуспеси, затоа што како што вели, работата со која се занимава не е воопшто лесна и вистината треба да и биде кажана во лице. “Софија потекнува од славно семејство и токму поради тоа, од неа ќе се очекува многу”. – изјави Лионел Ричи за време на American Idol шоуто, во Февруари.
Покрај Софија, Лионел е татко на уште две деца, 38 – годишната Никол и 35 – годишниот Мајлс.