Таа мислеше дека болката е предизвикана од камен во бубрег – Вистината и предизвика вистински шок!

popara27 мај, 20202min00
kk

Лизи Ква, 23-годишна инструкторка за танц од САД, сподели видео на „ТикТок“ во кое го опиша нејзиното необично искуство. Поради силната болка, таа отишла во болница мислејќи дека станува збор за камен во бубрег, но лекарите и ја кажале веста што не ја очекува.

Девојката открила дека е всушност бремена и дека нејзиниот водењак пукнал, а за неколку часа родила здраво бебе-девојче.

@lizziequah

I think I win this challenge 😂😳 *also she is safe she climbs everything. ##crazypregancy ##fyp ##babiesoftiktok ##storytime ##putafingerdown ##wildstory

♬ original sound – lizziequah

“Чувството беше исто како и пред три години кога се формираше камен во бубрег. Тоа беше најлошата болка што сум ја чувствувала досега, како некој да ме кинеше одвнатре. Иронично е што всушност тоа се случи”, изјави Лизи за Buzzfeed.

Бидејќи не чувствувала никакви симптоми на бременост во претходните месеци, таа не знаеше дека носи дете.

“Се здебелив, но не многу, сметав дека само треба да вежбам малку повеќе. Јадев нездраво и престанав да одам во теретана, па добив вишок килограми. Имав период секој месец, но дури сега знам дека тоа било лажна менструација, тоа било вкушност крварење на плацентата“, рече таа.

Таа додаде дека породувањето било трауматско искуство за неа и дека лекарите ја гледале со предрасуди.„Не знаев дали ќе родам момче или девојче, здраво или болно дете. Бев под голем стрес“, објасни таа.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag