Еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Кристијано Роналдо, неодамна им се врати на терените и на тренирањето со својот клуб Јувентус во Италија, откако последните два месецци ги помина во карантин поради епидемијата на корона вирусот.
Враќањето на терените 35 годишниот Роналдо го одбележил со нов имиџ, односно фризура како резултат на пучтање на косата и неодењето на фризер поради ситуацијата. Тој со својата нова долга и брановидна коса се пофалил на профилот на Instagram каде побарал мислење од неговите фанови.
Тој до сега ја носеше косата во репче на врвот на главата, додека еднаш неговата сопруга со машинка за шишање го потскратила од страните, фотографија која исто така ја сподели на социјалните мрежи и за помалку од еден час собра скоро 10 милиони прегледи под мотото „Останете дома и останете во тренд“.