Според германскиот доктор Ридигер Далке постојат 3 метафизички закони во универзумот кои ако не ги почитуваме може негативно да влијаат на нашето ментално и физичко здравје.
Закон на поларност
Според законот на поларноста се се состои од две спротивности. Тез темнината нема светло, тез тагата нема радост, а здравјето не постои без болестите. Луѓето се склонида се поистоветат само со еден дел од целината, а потоа трпат кога втората половина на целината почнува да се манифестира во нивните животи.
Закон на привлечност
Овој закон се однесува на енергетската резонанца. Тој тип на енергија кој е внатре во нас прривлекува енергија со сличнен напон. Ако мислиме на нашата иднина со негативни мисли тогаш енергијата ќе привлече негативни работи па дури и болести. Ако постојано имаме негативни ситуации во животот тоа значи дека и енергијата која резонира од нашето тело е исто така негативна. Затоа е потребно да го промениме нашиот став прем себе и да научиме да се сакаме. Само преку запознавање и препознавање на квалитетот на енергијата која се наоѓа во нас можеме нешто да промениме.
Закон на почетокот
Тој се основа на тоа дека она што почнува на одреден начин тежнее да се одвива на истиот начин. Ако имате лошо утро остатокот од денот најверојатно ќе ви биде ист. Ако веќе започнуваме нешто тогаш тоа треба да го направиме со позитивна енергија и намера што значи дека треба да ги познеме негативноста во нас и да и ја одземеме моќта.
Ако нешто сакате да добиете од универзумот тогаш нешто треба и да дадете. Вашиот долг е да бидете оптимиста и да верувате дека се ќе биде во ред со позитивен став во секој аспект на животот. Ако го избегнувате лесно може да дојде до нерамнотежа која ќе предизвика болести и несакани последици.