Состојки:
2 чаши вода
1/2 лажичка рендан ѓумбир
1/2 лажичка мелено каранфилче
5 листови босилек
на врвот на лажичка куркума
1/2 лажичка црн чај
лимон и мед
Подготовка:
Во зовриена вода додадете ги сите состојки и оставете да отстои околу 3 минути.
Послужете со сок од лимон и мед по вкус.
Ако чајот има премногу силна арома за вас, можете да го разредете со вода или коцки мраз и да пиете во текот на денот за освежување.
Сите состојки во овој чај значително придонесуваат за зајакнување на имунитетот на организмот и јакнење на одбранбените способности против вирусни и бактериски инфекции.