Во својата 70-та година почина американскиот гитарист и продуцент Боб Кулик, а веста ја потврди неговиот брат Брус Кулик, кој истотака е член на легендарната рок група Kiss.
Според пишувањата на магазинот People, кога се појавил на аудицијата за главен гитарист на тогаш непознатиот рок бенд, тој не поминал, а на неговото место бил ангажиран Ејс Фрили. Но сепак Кулик останал пријател со пеачот Џин Симонс и ритам гитаристот Пол Стенли и подоцна бил повикан да сними неколку албуми со бендот вклучувајќи ги “Alive II”, “Unmasked” и “Creatures of the Night”.
Тој соработувал и на албумите на Лу Рида “Coney Island Baby” од 1975 година, свирел со Дајана Рос и Мит Лоф.
Тој го продуцирал и албумот “Whiplash” на Motorhead за кој во 2005 година бендот освоил Греми награда.