Порано во човечката еволуција, висината им помагала на мажите да ги бранат своите ресурси и потомство. Ако ова е точно, жените секогаш одбрале високи партнери затоа што имале поголема можност да преживеат.
Жените повеќе ги сакаат високите мажи затоа што потсвесно ги перцепираат како подобри борци, откри студија на Универзитетот во Јута. Во еволуциска смисла, ова ги прави покорисни за жените. Од гледна точка на теоријата на сексуална селекција, жените ги привлекуваат посилните мажи затоа што можат да ги заштитат и нив и нивните деца, вели водачот на студијата Дејвид Кариер.
Научниците открија дека нашите праисториски предци се бореле најсилно само доколку биле исправени целосно, и токму тоа беше движечката сила за еволутивно исправно одење. Мажите посилно удираат ако удрат од горе надолу, така што ударите на повисоките мажи се многу посилни од оние на пониските мажи.
Претходно, некои научници откриле дека жените претпочитаат високи мажи бидејќи висината укажува на „добри гени“. Сепак, Кариер не се согласува со ова затоа што тогаш и мажите би биле привлечени од високи жени.
„Мажите секогаш се привлечени од жени со просечна висина или дури и пониска“, заклучи Кариер.