Целулит има скоро секоја жена на светот (над 90% се постари од 18 години), ниту спортиските или супермоделите не се поштедени.
Со тоа што живееме во ера на совршен изглед, во кој бројот на многубројните инфлуенсери, модели па и магазини ја промовираат беспрекорната убавина без ниедна маана, многу жени се чувствуваат оптеретено со појавата на целулитот, а секако најмногу ги плаши реакцијата на мажите.
Токму поради тоа тимот на порталот You Tango решил да ги праша мажите што мислат за целулитот.
Еве ги одговорите и реакциите на мажите кога ќе видат целулит:
- дали е тоа маснотија што се гледа на кожата?
- тоа е маснотија која предизвикува дупки на кожата
- имам и јас
- нормална работа
- не сум сигурен што е тоа, но знам дека прави нерамнини на кожата
- појма немам, тоа значи дека има вишок килограми?
Тимот поставил и едно прашање кое ги интересирало жените…
Што гледаат прво мажите на голо женско тело?
- веројатно нејзините гради, бидејќи тие најмногу се гледаат
- нејзините облини, раменици, гради, струк, колкови и нозе
- нејзините тетоважи
- нејзиниот стомак
- нејзините гради
- дали има задник или не
Дали се согласувате со овие одговори?