Невработените од денес ќе ги пријавуваат приходите

popara1 јули, 20111min00
2ECC5ED807D917478DEF0612FD58A9AC

Сите невработени што се пријавуваат во Агенцијата за вработување, од денес ќе пополнуваат изјави за остварени приходи во претходната година, за да се определи дали ќе плаќаат за сини картони од септември.

Обрасците ќе ги пополнуваат кога ќе се јават на терминот определен за пријавување во Агенцијата. Од септември ќе важат нови правила за здравствено осигурување на невработените лица.

Невработените, кога ќе појдат во Агенцијата, со себе треба да земат: копија од лична карта, здравствена легитимација за себе и за членовите на потесното семејство, како и извод од матична книга на родени и/или извод од матична книга на венчани за членовите на потесното семејство.
Семејствата кои имаат барем еден вра¬бо¬тен член, нема дополнително да плаќаат за сини картони, зашто тие и по¬на¬та¬му ќе бидат осигурани преку тој што е вработен.

Семејствата со невработени што имаат годишни приходи од 132.000 до 182.000 денари, за сини картони ќе плаќаат по 1.100 денари месечно.

Оние на кои годишниот приход им е повисок од 182.000 , за сини картони ќе плаќаат околу 2.200 денари месечно.

Студентите ќе добиваат сини картони преку родителите, без да се уплатува дополнително за нив.

Извор: Нетпресс

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma