Еден од најплатените топ модели, Romee Strijd, со години водеше борба за потомство, иако ретко споделуваше детали во врска со тоа.
Најголемата желба на манекенката, да се оствари во улогата на мајка, сепак станува реалност. Овие радосни вести, Romee ги сподели на својот Инстаграм профил:
“Ќе имаме бебе! Пред две години ми беше дијагностициран синдром на полицистични јајници, откако пред седум години го изгубив менструалниот циклус. Ваквото сознание за мене беше поразувачко, бидејќи мојата најголема желба е да станам мајка. Бев многу исплашена дека мојот сон нема никогаш да се оствари, затоа што ми соопштија дека поради ваквата дијагноза, да забременам по природен пат, ќе биде многу потешко. Истражувајќи дознав дека јас всушност, немам типичен синдром на полицстични јајници, туку дека мојот е предизвикан поради начинот на живот којшто го водам. Организмот ми беше константно под стрес.” – напиша Romee под фотографијата којашто ја сподели со своите следбеници.
Таа истакна дека после седум години успеала да го регулира својот менструален циклус, со што добила можност да забремени по природен пат.