Гром во Уганда усмрти 22 ученици и еден учител

popara1 јули, 20111min00
thunder-9898

Од удар на гром во едно училиште во Уганда загинаа 22 ученици и еден учител. Властите известиле дека во текот на силното невреме, кое во вторникот го погодило подрачјето недалеку од Уганда, повредени биле 51 ученик на возраст од седум до 16 години.

Повредените биле веднаш префрлени во болницата Киртандонго. Снимките од локалната телевизија ги прикажуваат загрижените родители кои се собрале пред училиштето за да дознаат што точно се случило.

Во исто време, на оддалеченост од 320 километри, невреме проследено со громови погодило уште едно училиште во кое настрадале 37 ученика и двајца учители.

Метеоролозите објасниле дека училиштата се најмногу погодени од громовите затоа што се изградени на повисоко земјиште. Во последните неколку недели во Уганда од удар на гром загинаа најмалку 38 лица.

Извор: Нетпресс

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag