Што е поопасно за здравјето – солта или шеќерот?

popara31 мај, 20202min00
salt-sugar

Најдобро е да се водиме според изреката “само умерено”, но на многумина им е навистина тешко да го практикуваат ова, особено кога станува збор за солта или шеќерот.

Шеќер – Природниот шеќер, како оној кој се наоѓа во овошјето, во главно не е опасен за нашето здравје, но проблемот се наоѓа во рефинираниот и додадениот шеќер.

  • Млекото и природните овошни сокови, на пример содржат природни шеќери и калории, но имаат и хранливи материи, витамини, минерали и протеини.– истакнува диетичарот Кали МекМорди.

Засладените напитоци, како што се газираните сокови, од друга страна пак, имаат шеќер и калории, а немаат хранливи материи.

  • Сите шеќери, без оглед на тоа како се наречени, дали е бел шеќер, кафеав шеќер или  фруктиозен сируп, имаат сличен ефект на телото, односно, го подигнуваат нивото на шеќер во крвта и го засилуваат производството на инсулин. – не предупредува Мардок Калеги.

Освен тоа, конзумирањето на преголема доза шеќер, особено рафинираниот, може да доведе до промени во телото и метаболизмот, којшто, пак може да допринесат до создавање на други хронични болести.

Сол – На човечкото тело му е потребна солта, која ги регулира течностите и пренесува електрични импулси помеѓу ќелиите. За тоа како влијае шеќерот врз телото отприлика знаеме сите, но за влијанието на солта се уште не е утврдено до крај.

Општо земено, не се препорачува да се внесува повеќе од 5 грама сол дневно, што е отприлика една лажичка, но многу луѓе внесуваат повеќе од ова.

Со години се зборува дека вишокот сол во крвта делува на крвниот притисок. Некотролираниот крвен притисок може да доведе до поголеми здравствени проблеми, како што е инфарктот, но влијае и на видот и бубрезите.

Исто така, она што е најголем проблем поврзан со солта, е тоа што најмногу го внесуваме преку намирници кои содржат вишок масти и вишок калории.

Што е полошо? “Па, ниту едно не е опасно ако се внесува во умерени количини, но ако се земе се во предвид, може да се каже дека шеќерот има понегативен ефект на здравјето.” – вели доктор Рејчел Хед.

Солта е сепак неопходна за телото нормално да функционира.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag