Не треба да трошите вртоглави суми на пари за одлична маска – природни (и прилично ефтини) состојки, е се што ви треба за да направите одлична маска, која е докажано дека ја затегнува кожата на лицето. Ние ви ја предложуваме следната маска и не заборавајте да ја нанесете и на вратот.
-две до три лажици јогурт
-половина банана
-една лажица мед
Изматете ја бананата и измешајте ја со останатите состојки. Добиената маска нанесете ја на лицето, почекајте да се исуши (15 до 20 минути), а потоа исплакнете ја прво со топла, а потоа со ладна вода.
Бананите се богати со хранливи материи кои се добри за кожата, а истражувањето покажува дека се одлични за смирување на брчките. Млечна киселина од јогурт ќе направи нежен пилинг, а медот и дава на кожата потребната хидратација.
Оваа маска е погодна за сите типови кожа, а може да ја применувате секојдневно, сè додека не забележите подобрувања. Имајте на ум дека нема да видите резултати за еден ден или два дена – ова е природна маска и нејзиното дејство е обично побавно од фармацевтски препарати. Првите резултати треба да бидат видливи по три недели со секојдневна употреба.