Уметниците од различни сфери на многу интересни начини се обидуваат да ги променат јасните граници на линиите. Создавајќи илузија, тие си поигруваат со човековиот ум.
Младата make up артистка, Dain Yoon, си игра на истиот начин и го користи своето лице како платно. Создава навистина впечатливи оптички илузии со коишто ги помрднува границите на реалноста.
Како што вели и самата, причината поради која одлучила да се занимава со оптички илузии е тоа што смета дека поголемиот дел од луѓето живеат во илузија. – “Луѓето сфаќаат се на својот субјективен начин” – додава таа.
Огромен број на луѓе ги сметаат илузиите за лага. Меѓутоа, Dain Yoon тврди дека не се работи за никакви лаги. Таа вели дека илузијата е поширок концепт на сфаќање на нештата и не наведува да ги погледнеме од друг агол, како би можеле да “ѕирнеме” и во нивната суштина.