Најмладата милионерка во светот, Кајли Џенер, изјавува загриженост на социјалните мрежи по убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој беше загушен со колено од полицаец при неговото апсење.
Кајли е многу потресена заради трагичната смрт на Флојд, кој работел како чувар во ресторан, и таа се обраќа на фановите во нејзиниот Инстаграм пост:
- „Откако го гледав поразителното и срцепарателното видео од убиството на Џорџ Флојд претходнава недела, не можев да ги извадам неговите зборови и лице од моите мисли. Никогаш лично нема да ги доживеам болката и стравот кои Афроамериканците секојдневно ги чувствуваат низ земјата, но знам дека никој не треба да живее во таков страв, и никој не заслужува да умре како Џорџ Флојд и многу други“ – пишува таа.
Џенер посветува особено внимание на расизмот и истакнува како е загрижена за нејзината ќерка, Сторми.
- „Во моментов имаме работа со две страшни пандемии во нашата земја и не можеме да го занемариме фактот што расизмот е една од нив. Се плашам за мојата ќерка и се надевам дека таа ќе има подобра иднина. Моето срце се крши за фамилијата и пријателите на Џорџ Флојд. Не дозволувајте неговото име да се заборави. Продолжете да , продолжете да зборувате, бидејќи тоа е единствениот начин преку кој можеме да се соединиме за да ги промениме работите и нашата свест. Почивај во мир, Џорџ Флојд.“ – додава Кајли.
Младата претприемачка заедно со пораката објави и цитат на Мартин Лутер Кинг:
- „Доаѓа време кога тишината се претвора во предавство.“