Србинот М.П како дете имал блиска средба со вонземјани. Според пишувањето на неделникот НИН, архивски број 22-8-1959/71 заведен е записник на разговор со дете кое тврди дека имало контакт вонземјани. Но, не само тоа. Детето било во состојба да разбере се што тие му зборувале.
Се започнало од Ранковиќ
Неколку години по Втората светска војна во Америка за прв пат биле забележани неидентификувани летачки објекти. Тогаш се зголемил интересот за нивната појава и постоење. Во тоа време ни домашните тајни служби не се спротивставиле на новиот тренд. На 18 Јуни 1949 година во кабинетот на тогашниот министер за полиција Александар Ранковиќ било формирано “Одделение за космички прашања”. Функцијата на ова одделение било да ги истражи НЛО појавите на територијата на Југославија. Подоцна биле регистрирани уште неколку појави на НЛО, и изјавата на шеснаест годишниот М.П од Парачин кој раскажал дека во 1959 година кога имал 4 години имал блиска средба со вонземјани.
Од леталото излегоа вонземјани облечен во сиви костуми. Не успеав да им го видам лицето. Ми рекоа да не се пплашам, и потоа ме боцнаа со игла на раката. Ми највија дека ќе дојдат по мене на 12 декември 2012 година, изјавил М.П кој сега има 56 години и живее во Сомбор. Подоцна овој датум го дешифрирал како крај на светот според календарот на Маите.
Овој случај бил регистриран од страната на САД, и постоеала можност момчето да се пресели во Минесота, но сепак стручните лица од САД допатувале во Југославија и таму го испрашале. Интересно е да се напомене дека сајтот Wikileaks објавил разговор со Амбасадорката на САД Мери Ворлик и Министерот за надворешни работи на Србија, Вук Јеремиќ токму за овој случај.
Осум пилоти виделе НЛО
Тимот на експерти од САД неколку пати ја посетиле Југославија за да се испрашаат НЛО очевидци, пишува НИН. Друг интересен случај на појава на НЛО бил во 1985 година, кога пилоти на ЈНА забележале објект кој имал должина од 20 –тина метри, и ширина од околу 4 метри, и се движел со брзина од околу 100 км на час, објектот бил забележан над водите на Црес, денешна Хрватска.
Одеднаш ја зголеми брзината и само за неколку секунди исчезна од воздушниот простор на СФРЈ. Осум пилоти на ЈНА биле сведоци на овој настан и сите беа интервјуирани, стои во записникот на БИА.