Тифани Либи, дерматолог, вели дека лубениците со векови се користат во азиските култури, заради нивните својства за да се спречат разни воспаленија.
Тие го намалуваат црвенилото и генерално го подобруваат изгледот на кожата.
„Лубеницата има многу витамини како А, Ц и Е, поради што е силен антиоксиданс, ја неутрализира штетата и можеме да кажеме дека ја одмара кожата“, рече Др. Либи за списанието „Еле“.
Внатрешниот дел на лубеницата е особено добар за хидрирање на кожата, бидејќи е исполнет со вода. Покрај тоа, лушпа од лубеница може да помогне ако вашата кожа е иритирана поради некоја причина.
Семето од лубеница е полно со протеини и богато со масни киселини. Сепак, лубеницата се состои од 90% вода, па затоа не е ни чудо што е одлична во хидратацијата, а помага и во ублажување на брчките.
За подолгорочни ефекти, тврдат дерматолозите, потребни се најмалку 30 дена постојана употреба на лубеница во нега на кожата.