Пластичните хирурзи признаваат дека побарувачката за изгледот на поранешната војвотка од Сасекс е во постојан пораст.
- Меган има скоро совршен обликуван нос. Правилно и се поставени очите и брадата во облик на буквата V. Лицето и има добар облик и е блиску до она што старите Грци го нарекувале совршенство – изјавил во една прилика естетскиот хирург Де Силва за британските медиуми.
И додека сите и завидуваат најмногу на нејзиниот нос, кој изгледа навистина женствено, стручњаците тврдат дека тоа не е подарок на природата туку дека тоа е работа на некој пластичен хирург.
https://www.instagram.com/p/BjCBKedh5Bi/?utm_source=ig_web_copy_linkНа нејзините фотографии од тинејџ деновите јасно може да се види дека нејзиниот нос изгледал покрупно, иако Меган никогаш не признала дека подлегнала на било каква естетска интервенција.