Не успеа да се извлече.
Ѕвездата на комичната серија на 90-тите години „Full House“, 55-годишната Лори Логлин и нејзиниот сопруг, 56-годишниот моден дизајнер Мосимо Џианули, се изјаснија за виновни за мито при запишувањето на нивната ќерка инфлуенсерка на колеџ и беа осудени на затворска казна, јавува CNN.. Лори ќе остане во затворска ќелија два месеци, а нејзиниот сопруг три месеци подолго од неа, што е навистина минимално со оглед дека во случај на неприфаќање на вина, тие би можеле да бидат осудени на казна и до 20 години.
Двојката е обвинета за плаќање 500 000 долари на универзитетот во Јужна Калифорнија за да ги запишат своите две ќерки Оливија Џаде и Изабел и да создадат целосно невистинити универзитетски профили на девојчиња кои не се успешни спортисти, и се претставени како такви. Покрај затворската казна, тие мора да платат и казна од 250.000 американски долари и да изработат 350 часа добротворна работа. Да потсетиме, тие беа уапсени во март 2019 година заедно со 50 други родители, меѓу кои и актерката Фелисис Хафман, ѕвездата на серијата „Домаќинки“, која веќе издржува казна од 14 дена затвор.
Патем, ќерката на Лора, Оливија Џаде е успешна инфлуенсерка која не престана со својот ангажман на социјалните мрежи во текот на целата афера, каде често објавува фотографии.