Сода бикарбоната може целосно да ги замени пестицидите

popara1 јуни, 20201min00
220013_shutterstock-1009167631_ls

Ви даваме неколку совети во врска со градинарството, кои може да ги користите кога во прашање се сода бикарбоната и овошјето и зеленчукот.

Сода бикарбона за винова лоза и грозјето

Ако имате винова лоза може да го искористите следниов рецепт за прскање со сода бикарбона. 75 гр сода бикарбона измешајте во 10 литра вода и испрскајте го грозјето кога зрее и со тоа ќе го спречите сувото расипување, а можете и да го зголемите шеќерот во грозјето. Истиот раствор може да го користите и за прскање на стеблата на разни овошки и со тоа да ја спречите појавата на гасеници на листовите.

Сода бикарбона против пестицидите

Краставица – за превентивно прскање на краставиците користете 1 мала лажица сода и 1 литар вода. Со ова ќе го спречите пожолтувањето на листовите.

Зелка – со истиот раствор може да го посипете зелката против гасеници или инсекти. Исто така може да направите раствор од 9 лажици јаболков оцет во 1 литар вода и со овој раствор да ја испрскате зелката против бубачки.

Рибизли – тие треба да ги испрскате со следниов раствор: 1 супена лажица сода бикарбона, 1 аспирин, 1 лажица детергент за перење садови, 1 лажица растително масло и 4,5 литра вода. За да ги привлечете пчелите на рибизлите истите испрскајте ги со медена вода: во литар вода растворете 1 лажица мед.

Јагоди – во 10 литра вода (обавезно во пластична канта) капнете 15 капки јод и мешајте со дрвена лажица за јодот да се раствори во водата. Потоа обилно полевајте ги јагодите или после дожд и покрај секоја јагода сипете малку од овој раствор. Потоа може да размислувате да ги пресадите јагодите на друго место. Внимавајте да не го погрешите дозирањето со јодот бидејќи може да го изгорете коренот на јагодите.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma