Тестовите во Јувентус покажаа дека Кристијано Роналдо во моментов е во далеку подобра форма отколку што беше пред крајот на сезоната, пренесува италијанскиот „Tutosport“.
Неверојатниот Португалец ги воодушеви луѓето од Јувентус за време на тестирањето. Роналдо помина време во Мадеира неуморно работејќи на себе. Тестовите на јачината покажаа неверојатен напредок, а италијанскиот весник пишува дека дополнително се зголемила издржливоста, експлозивноста, брзината…
Тренерот на Јувентус, Маурисио Сари е крајно задоволен од состојбата на Роналдо, тој смета дека ова е најдобрата верзија на Кристијано што ја видел досега.
Наводно, Роналдо работел доста во изолацијата и на менталната сила, зајакнувајќи ја концентрацијата …
35-годишниот фудбалски генијалец е високо мотивиран на тренинзи, работи со полна пареа и тренира додатно. Португалецот со нетрпение го очекува продолжението на Серија А.