Израелските археолози изјавиле дека пронашле остатоци од канабис на предметите во древниот храм во јужен Израел, што се смета за прв доказ за употреба на халуциногени во древната израелска религија.
Според наведеното, откритието во храмот од 8 век п.н.е. во Тел Арада нуди за прв пат доказ за употребата на „супстанции кои го менуваат умот во културните ритуали во Израел“, вклучувајќи ги и првите еврејски храмови во Ерусалим кои постоеле во тоа време.
Во археолошките ископини во Тел Арад кои се наоѓаат на околу 60 км јужно од Ерусалим во 1960-тите години е пронајдено мало светилиште, кое по многу наликува на библиски храм во Ерусалим.
Со децении археолозите безуспешно се обидувале да го утврдат составот на црните наслаги на двата олтари од вар во внатрешноста на светилиштето, кои сега се наоѓаат во Музејот на Израел во Ерусалим.
Хемиската анализа на Универзитетот во Ерусалим и на Интитутот Технион покажале дека едниот олтар содржи психоактивни состојќи кои ги има во марихуаната, а другиот остатоци од темјан кој се спомнува во Библијата.
Еран Арие, кустос при Музејот на Израел и водечки автор на студиите, го означил откритието како револуционерно бидејќи тоа е најраниот доказ за тоа дека канабисот се користел во древниот Библиски исток и во еврејската религија.
Со оглед дека нема полен, а ни семиња канабисот се претпоставува дека бил донесен од негде. Арие смета дека според овој наод може да се сугерира како течела богослужбата во библискиот храм во Ерусалим.
Јоси Гарфинкл, професор по археологија од ХебрејскиотУниверзитет рекол дека користењето на вино во јудеизмот како и некои индикации за користење на опиум во други делови на религијата сугерира дека за древните Израелци било полесно да бидат во екстаза и така да се поврзат со својот Бог.