Џенифер Анистон го шпионира поранешниот сопруг

popara2 јуни, 20201min00
федфдф

Американските таблоиди се повеќе креативни од кога и да било. Иако е навикната на сите видови на приказни за себе и за нејзините поранешни љубови, актерката Џнифер Анистон може да биде шокирана кога ќе ја чуе најновата теорија за тоа што го направила. Имено, според National Enquirer, Џенифер станала крајно љубоморна и започнала да шпионира за својот поранешен сопруг Џастин Терукс.

Џенифер, според споменатиот таблоид, стана многу посесивна и игра „мачка и глушец“ со Џастин. Покрај тоа, тие пишуваат дека актерката прави сé што е во нејзина моќ за да ги открие дури и најмалите детали од љубовниот живот на нејзиниот поранешен сопруг. Таблоидот оди чекор подалеку и тврди дека се смирила со својот поранешен сопруг Бред Пит само за да го направи Џастин љубоморен.

Да потсетиме, Џенифер по неуспешниот брак со Бред Пит, реши да ја проба среќата со три години помладиот актер JЏастин Терукс, со кого застана пред олтарот на 5 август 2015 година, решена да го помине остатокот од животот заедно. Сепак, парот на крајот, после две и пол години брак, реши да се разведе и судејќи според најновата објава, разводот не ги спречи заедно да го видат испратат своето сакано милениче.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag