Kејт Мос и нејзиниот вереник Џејми Хинс сеуште официјално го немаат објавено датумот на нивната венчавката, но британските медиуми јавуваат дека веројатно истата ќе се случи наскоро бидејќи селото кое е во близина на нејзиниот имот е буквално под блокада. Мирното село Cotswolds кое се наоѓа во западна Англија, веќе неколку дена е затворено за сите посетители, со исклучок за обезбедување. Поканетите и мештаните можат да влезат само доколку имаат посебна дозвола. На имотот на Кејт Мос пред неколку дена беше подигнат голем бел шатор, а Kејт неодамна одржа проба за нејзината венчавка и позираше со својот вереник пред локалниот паб.
Дел од медиумите шпекулираат дека Kејт ќе се венча во локалната црква St Margaret’s, но она во кое сите се сложуваат е дека прославата ќе трае неколку дена бидејќи манекенката и е позната на јавноста како љубител на добрата забава. На листата на поканети се многу имиња од светот на модата, филмот и музиката како што се Наоми Кембел, Џуд Ло и славниот фотограф Марија Тешина. Kејт и гитаристот од групата “The Kills” се заедно од 2007-та година.