Кога ќе споменеме фен тоа не асоцира на сушење коса, како и во некои итни ситуации кога се наоѓа по дома пред излегување на исушиме фармерки или омилената блуза.
Но тоа не е единственатанего функција, бидејќи според експертите со фен може да ги сушиме и нозете од здраствени причини.
Експертката за нокти Дебора Литман, вели дека сушењето на ноктите после туширање е сосема оправдано бидејќи тоа ја спречува појавата на разни габички на ноктите кои откако ќе се појават тешко и долго време треба да помине додека да се отстранат.
Доколку ги сушите ноктите сами односно на воздух потребни ќе ви се 30 минути додека целосно се исуши водата меѓу прстите, а токму тоа е местото каде габичките најчесто се појавуваат и потоа шират.
Доколку користите фен, сушењето ќе биде готово за некоја минута, а со тоа ќе ја спречите појавата на габички.
Многу од нас не размислуваат за тоа што се може да се случи доколку не ги негуваме стапалата и ноктите на нив правилно. За да ја избегнете појавата на габички не треба да носите тесни чевли и секогаш бирајте чевли кои имаат можност за циркулација на воздух во нив. Не треба да напоменуваме дека перењето на чорапите исто така е од голема важност, особено ако стапалата ви се склони на потење.