Игор Којиќ се огласи на Instagram по повод разните шпекулации во јавноста за врската со Северина кои ги полнат медиумите веќе некое време.
Тој со само една фотографија им ја затворил устата на сите злобници кои пренесувале невистини за популарниот пар.
„Љубов која не се мери со следење и лајкови на социјалните мрежи. Мој ангел, најубава душа и најдобра мајка на светот“ – напишал Игор под фотографијата.