Рецепт за лековит ликер стар 90 години

popara4 јуни, 20201min00
61706721-orahovac-liker-od-oraha

Лековитиот ликер од ореви, стар 90 години, ќе ви помогне за решавање на проблемите со желудникот или тироидната жлезда.

Потребно ви е:

  • 18 млади зелени ореви
  • 1кг шеќер или мед
  • 2л домашна ракија
  • 1 портокал
  • 1 лимон
  • 2 каранфили
  • 2 – 4 листови од пелин
  • 1 стапче цимет
  • 1 ванила стапче
  • 5 зрна кафе
  • 1 вреќичка ванилин шеќер
  • 1 литар бело вино

Подготовка:

Оревите пресечете ги на половина или на четири делови. Потоа измијте ги лимонот и портокалот и пресечете ги на парчиња. Во длабок сад ставете половина од оревите и посипете ги со половина шеќер или мед. Додајте ги лимонот, портокалот, каранфилот, пелинот, ванилата, циметот, зрната кафе и остатокот од оревите и шеќерот. На крајот, целата смеса прелијте ја со ракија и добро измешајте. По 40 дена, мешавината процедете ја и додадете ги виното и ванилин шеќерот. Процедената течност префрлете ја во стаклени шишиња и чувајте ја на суво и темно место.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag