Интересно истражување покажа дека физичкиот изглед не е најважната работа за привлечноста. Студијата неодамна објавена во списанието „Еволуција и човеково однесување“ покажа дека жените многу повеќе ги привлекуваат мачо мажите за време на овулацијата, токму заради нивото на хормонот тестостерон во нивниот мирис. Дамите кои учествуваа во студијата имаа должност во различни фази од менструалниот циклус да ја мирисаат облеката што мажите ја носеа две ноќи по ред и да ја оценуваат удобноста и привлечноста на мирисот. За да се избегнат надворешните влијанија, на мажите им беше забрането да користат миризливи сапуни и парфеми, како и консумирање алкохол, цигари и, генерално, храна што има карактеристичен вкус и мирис. Исто така, нивото на хормоните тестостерон и кортизол беа измерени кај мажите. Резултатите од истражувањето покажале дека жените на врвот на плодноста го оцениле мирисот на облеката кај оние мажи кои имале највисоко ниво на тестостерон како најпријатен и привлечен мирис. Жените не покажале интерес за хормонот кортизол, кој инаку е поврзан со зајакнување на имунитетот.