Публиката беше изненадена кога ги виде во ова издание
Некои познати актерки решија да направат драстични промени поради нивните улоги, а тоа им донесе повеќекратни придобивки. Публиката не можеше да ја замисли оваа убавина во вакво издание.
Кејт Хадсон
Нејзината женственост е нешто што ја прави препознатлива, поради што сите беа шокирани кога ја видоа со избричена глава како шета низ улиците на Њу Јорк. Сепак, таа е само одличен професионалец и се откажа од долгата коса за улогата во филмот „Сестра“.
Шинид О’Конор
Оваа пејачка со ирско потекло не само што пленеше со својот ангелски глас во текот на деведесеттите години на минатиот век, туку нејзината убавина исто така привлече големо внимание на јавноста. Правилните црти на лицето и големите очи особено излегоа до израз кога таа ја избричи главата, докажувајќи дека дури и како таквата може да биде многу женствена.
Шарлиз Терон
Јужноафриканската убавица ја шокираше јавноста кога донесе одлука да се истрижи на нула.
“Оваа идеа се случи ненајдено. ” Лудиот Макс ” се снимаше во пустина, неможев да си замислам што би правела со долга коса, па следниот ден целосно ја истрижив. Сега не можам да замислам дека можеше да биде поинаку “. – рече Шарлиз .
Натали Портман
Поминаа точно 15 години откако актерката ја избричи главата за улогата во филмот „V за вендета“.
Натали е позната по тоа што не е склона кон експерименти, па ретко можеше да се види со различна фризура од долга брановидна коса, па можеме да заклучиме само дека нејзините фризури “брич” и “боб” фризури – од улогата на Матилда од филмот „Профеционалец” за промена стојат фантастично.
Деми Мур
Актерката ја избричи главата во 1997 година за улогата во филмот „ЏИ Џејн“, Деми остана позната по таа улога, но и како пример за многу жени кои после тој филм решија да се ослободат од долгата коса и да го челичат нивниот дух.