Ги сакаме практичните трендови, а последниот кој не одушеви се шарените свилени марами. Со овие марами повеќе ќе немате лоши денови со фризурата, а исто така може да ја разиграте комбинацијата кој инаку може да биде и малку досадна. Чувајте ги за денови кога ќе сакате да сте лежерни или ќе немате време за фризура и да седите со саати пред огледалото, едноставно облечете бела маица, омилените фармерки, шарена марама и готово, спремни сте !
За оваа пролет марамите со принтови се задолжителни , па поради тоа обезбедете се со неколку, и обавезно проверете ги плакарите на вашите мајки и баби, посетете некоја винтиџ продавница или па едноставно почестете се со некоја дизајнерска марама бидејќи ви гарантираме дека нема да зажалите.