Еден од најпознатите фудбалери на светот, Кристијано Роналдо, на својот Инстаграм профил објави фотографија од своите ќерки Алана и Ева Марија.
„Се заљубувам секогаш кога ќе ги видам“, напиша Роналдо веднаш до фотографијата на близнаците кои се гушкаат со насмевки на нивните лица.
Алана и Ева се родени пред скоро три години, а Роналдо и неговата девојка, како и мајката на девојчето Георгина Родригез, не престанаа да покажуваат колку се гордеат со нив. Фотографијата собра два милиони лајкови за само еден час, а бројни обожаватели признаа дека сцената ги стопила.
„Тие се многу симпатични“, „Чувај го семејството“, „Сакам вакви фотографии“, беа дел од коментарите.