Принцот Чарлс по болеста – „Имав среќа со короната, но ако не научиме нешто од ова, нѐ чека слична опасност“

popara5 јуни, 20201min00
5555

Што повеќе го уништуваме природниот свет, сѐ повеќе ја уништуваме биолошката разновидност и се изложуваме на вакви опасности. Имавме катастрофи со други врсти на корона, како и со Ебола и што не друго, смета принцот.

Дека короната не бира кого ќе го „фати“ докажува принцот Чарлс (71) кој се заразил и успешно се излечил од неа. Сега во новото интервју за Sky News проговори за тоа искуство.

  • „Имав среќа и лесно се извлеков. Баш поради тоа што го имав вирусот можам да разберам низ што поминуваат други луѓе. Посебно сочувствувам со оние кои ги изгубиле своите најблиски и не можеле да бидат со нив во тие моменти. Тоа, по мое мислење, е најужасно. Но за да спречиме ова да се случува на поголем број луѓе, одлучен сум да пронајдам излез од ова“ – вели тој.

Престолонаследникот верува дека ако луѓето не научат нешто од оваа пандемија, во иднина ќе бидат соочени со слична опасност.

  • „Што повеќе го уништуваме природниот свет, се повеќе ја уништуваме биолошката разновидност и се изложуваме на вакви опасности. Имавме катастрофи со други врсти на корона вируси, како и со Ебола и кој знае што друго…Сите тие работи се поврзани со губитокот на биолошката разновидност“ – смета принцот.

Тој дава големо внимание на важноста на природата.

  • „Мораме да пронајдеме начин да ја вратиме природата во средината на сѐ што правиме. Мораме да ја ставиме во средина на нашето господарство.“ – порачува тој.

Вели дека планетата одамна требало да ја третираме како пациент на коj му треба лечење, и заклучува дека да беше навистина така, никој немаше да дозволи да дојдеме до овде и веќе ке се интервенираше, а како резултат на сѐ сега ја плаќаме казната.

Интервјуто го дал преку видео повик од имотот Биркхал во Шкотска, каде што живее со сопругата Камила (72) откако дошол на сила карантинот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag