Прославената руска манекенка и нејзината ќерка Леа повторно се фатени додека шетаат, а фотографиите ги виде целиот свет. Причината? Бидејќи се преслатки!
Една од најубавите жени на светот е исто така и посветена мајка на малата Леа, која ја имаше со глумецот Бредли Купер.
Девојчето, иако нејзините родители се раскинати, поминува време и со мајка ѝ и со татко ѝ, а секогаш кога тие ќе излезат на њујоршките улици, папараците го следат секој нивни чекор. Затоа, често имаме прилика да видиме како Леа го поминува времето со нејзините славни родители.
Така, на Ноќта на вештерките можевме да видиме како Бредли својата ќерка ја насмеа маскирајќи се во баба, а пред неколку недели Ирина седна во количката на Леа и глумеше бебе!
Сега немавме прилика да видиме таква откачена авантура, но сепак имаше еден драгоцен моден момент. Станува збор за една прошетка на Шајк и Леа, каде манекенката избра лежерна комбинација, но Леа беше онаа која е најдотерана. Таа изгледа неодоливо во малечки миди фустан со долги ракави и леопардски принт, со косата во репче и симпатични црвени сандали.
Не очекувавме ништо помалку од ќерката на Ирина Шајк!