Моделот Кара Делевинџ за прв пат отворено проговори за својата сексуалност и призна дека се декларира како пансексуална личност, односно со сексуална, емоцијална и духовна привлечност кон личност без разлика на нивниот пол или родов идентитет.
„Мислам дека секогаш ќе бидам пансексуална. Не ми е важно дали сум заљубена во него или неа. Јас се заљубувам во личноста и тоа е тоа“, рекла Кара за Variety.
Причината поради која проговорила за ова дури сега е тоа што пораснала во старомодно англинско семејство.
„Често зборував како ми е хомосексуалноста одвратна. Мислам дека тоа беше поради тоа што не сакав да признаам која сум. Не сакав да го вознемирам своето семејство. Многу бев несреќна и депремирана. Голем проблем е кога не се прифаќаш или не се сакаш себе си.“ – додала таа и изјави дека живеела во страв дека ако се дознае дека сака жени нејзиниот татко ќе добие срцев удар.
„Бев престрашена и мислев дека ќе ме избрка од дома, а тој беше прекрасен кога дозна за мојата пансексуалност“ – изјавила 27 годишната манекенка.
Таа додала дека и како дете не чувствувала дека припаѓа негде.
„Еднаш кога проговорив за мојата сексуалност, веќе ништо не криев. Личноста од која најмногу се криев бев јас самата.“ – заклучила Кара.
Пред месец дена таа ја прекина двегодишната врска со актерката Ешли Бенсон, а пред тоа била во врска со британскиот музичар Џејк Баг, а ја поврзувале и со актерот Тулип Февер, како и пеачката Мајли Сајрус.