Без разлика дали е оженет за нив или им е татко, Трамп е опкружен со жени кои знаат добро да заработат.
Доналд Трамп: Американски претседател, бизнисмен, ТВ ѕвезда и милијардер. На сметката во банка има неверојатни 2,1 милијарди долари (само пред еден месец таа сума беше поголема за 1 милијарда, пандемијата на корона вирусот ги погоди и неговите компании). Но што е со жените во неговиот живот? Како тие стигнале до своите милиони?
Да погледнеме: Не сме изненадени од податокот дека и тие се пребогати. Нивните сметки исто така се со нули од кои се мати паметот. Да, Доналд сигурно им помогнал кога затребало но сепак ги оставал сами да се снаоѓаат.
Еве како стигнале до стотици милиони долари.
Иванка Трамп, ќерка на Доналд Трамп – 300 милиони долари.
Таа е десна рака на Доналд Трам и ја викаат “втората ќерка на Америка”. Иванка отсекогаш била поврзана со коорпорациите на својот татко. Му била советник, а кога се омажи за својот способен но сомнителен маж, Џерард Кушнер, богатството почна веднаш да се зголемува. Како асистент на татко си заработила 135 милиони долари. Таа е претседател на Трамп асоцијацијата, менаџер на неговите хотели, но и сопственик на луксузен моден бренд кој покрај облека произведува и накит и торби.
Ивана Трамп, првата сопруга на Доналд трамп – 100 милиони долари.
Ивана се омажи за Доналд Трамп во 1977-ма и помина со него цела деценија. Му роди 3 деца, а по разводот излезе побогата за 25 милиони долари. Потоа отвори две компании за облека и козметика за нега на кожата. Автор е на две книги кои се бестселери и филмови.
Меланија Трамп, сегашната жена на Доналд Трамп – 50 милиони долари.
Веројатно мислите дека Меланија станала богата после мажењето со Трам. Се лажете. Таа била богата и пред да го запознае сегашниот претседател на Америка. Била баран модел и работела напорно од 16-та година во Париз и Милано. Таа своите пари паметно ги вложувала во накит и козметика. Таа сега како прва дама нема плата, но милионите од претходно се множат па затоа е позната како една од најбогатите први дами во историјата на Америка.
Тифани Трамп – ќерка на Доналд Трамп – 10 милиони долари.
Тифани скоро завршила право на Џорџтаун колеџот, но никој не може да претпостави кој и е следниот потег. За неа се шпекулира дека не е во најдобри односи со Доналд, својот татко. Еднаш споменала дака е заинтересирана за бизнисот на тако и, недвижности, но дека не знае по кој пат ќе тргне. Таа е најмладата ќерка на Доналд Трамп од краткиот брак со Марла Мејплс.Таа сака луксуз и со своите пријатели, синот на Меџик Џонсон и ќерката на Роберт Кенеди трошат огромни своти на долари. Долари, кои веројатно ги наследила.
Марла Мејплс, втора сопруга на Доналд Трамп – 5 милиони долари.
Таа била причината за раздорот помеѓу Доналд и Иванка Трамп. Како сопруга бр. 2 мислела дека лесно ќе извлече милиони, но за своја среќа во тој период Трамп имал финансиски проблеми, дури имал и прогласено банкрот, па Марла од бракот излегла само со 5 милиони долари. Марла Мејплс е глумица и е најверојатно најскромната од сите жени на Доналд Трамп.