Емили Ратајковски секојдневно им носи насмевки на милион обожаватели со своите голи фотографии на социјалните мрежи.
Таа се прослави со појавувањето во спотот „Blurred Lines“ на Робин Тик, иако во манекенските и актерските води е уште од мали нозе. Овој спот предизвикал големи контраверзии и е прогласен за најсексистички бидејќи ги деградира жените, а дел од јавноста тврдела дека промовира силување. Емили со тоа не се согласувала и рекла дека се било хумор и сарказам. После овој спот нејзината моделска кариера доживеала бум и почнала да се појавува во бројни магазини, а во некои била и на насловната страна. За жал немала толкав успех во актерската кариера.
Манекенката во 2013 година од страна на магазинот Esquire била прогласена за жена на годината според гласовите на читателите и ја победила актерката Џенифер Лоренс. Магазинот Rolling Stone ја вброиле во 10 најголеми секс симболи, а FHM ја ставил на 4-то скалило на најсекси жени на светот.