Генијално решение …
Ако сте љубител на зеленчук, тогаш мора да имате фрлено моркови, целер, домати и краставици многу пати, кои буквално се сушат во фрижидер преку ноќ.
Во тек е сезоната на свеж зеленчук, што треба да го има на нашата трпеза секој ден.
Иако е многу здрав, многу луѓе избегнуваат да купуваат одредени видови зеленчук, како моркови и целер, затоа што тие брзо се расипуваат. И никој не сака да ги јаде овие намирници кога ќе омекнат, променат боја, но и вкус.
Ние ќе ви ја откриеме тајната за тоа како да го чувате зеленчукот свеж, а сè што ви треба е тегла и вода.
За да започнете со тоа, пронајдете поголема тегла. Истурете вода и натопете целер и морков. Целерот ќе трае две недели, а морковите околу еден месец.
За да може овој генијален трик да биде ефективен, важно е да ја менувате водата секој ден и да ја чувате теглата во фрижидер цело време.
Многу луѓе кои ја пробале оваа техника за продолжување на свежината, велат дека тоа е навистина одлично и дека зеленчукот ја задржува нивната арома и нивната природна текстура.
На овој начин, морковите и целерот ќе можат да траат со недели, но не е сигурно дали овој метод може да се примени и на други видови зеленчук.