Во домот на фамилијата Ражњатовиќ во Дедиње пристигна малиот Жељко, наследникот на Вељко Ражњатовиќ. Вељко во друштво на својата мајка Цеца Ражњатовиќ ја изнесе својата сопруга и нова мајка Богдана од породувалиштето.
Највесела беше бабата Цеца која неможеше да ја симне насмевката од лицето, а Вељко не дозволуваше на никој освен на членовите на семејството да пријде до транспортерот на бебето.
Сите веднаш забележаа дека на транспортерот на бебето се наоѓа шара на тигар кој претставува симбол кој го користела Доброволната гарда на неговиот покоен татко Жељко Ражњатовиќ Аркан по кој синот на Вељко и го доби своето име.
Меѓутоа многумина забележаа и дека наместо сина или зелена боја, на носилката доминираше црвена боја која по верувањето на старите, служи за против уроци или за радост.
За стајлингот на Цеца и припиениот беж фустан до глужд и како блескаше додека го изведе внукот од породувалиштето, наголемо се коментираше.
Како мало потсетување, породувањето на Богдана со царски рез го обави докторот Миленко Пророчиќ кој ја породи Светлана Цеца Ражњатовиќ со двете деца. Малиот Жељко по раѓањето доби оценка десет.