Дамки – Еден маж поднел документи за развод поради тоа што неговата сопруга, никогаш не ја оставала вц – школката уредна по користењето.
Турски принц – Откако неговата сопруга добила еден од милионите лажни е-мејлови, во кој некој тврдел дека е турски принц и побарал од неа 45 илјади долари, по што таа се согласила да се пресели таму и да се омажи за него, овој маж дефинитивно немал друг избор, освен да се разведе. Но, добил ветување дека таа ќе се врати доколку новиот брак не ѝ успее.
Озборувач – Една жена се развела поради тоа што ги прочитала пораките на својот сопруг, во кои тој ги озборува нејзините кучиња со пријателите.
Кафе – Адвокат раскажува како еден негов клиент поднел документи за развод, поради тоа што неговата сопруга секое утро го прашувала какво кафе сака. Секое утро, седум години по ред.
Завеса – Тој не сакал да ѝ помогне да ја закачи завесата во бањата. Одлична причина за развод, нели?