Хедер Холт, поранешната работничка на актерката Сара Џесика Паркер, во тужбата којашто ја поднела тврди дека, нејзината поранешна шефица и нејзиниот бизнис – партнер, Џорџ Малкемус, не ѝ ги исплатиле прекувремените работни часови од 31.12.2018 до 01.03.2020 година.
- “На тужителот не му се адекватно надоместени прекувремените работни часови, сите оние кои се одработени над 40те часа, коишто се предвидени за една недела” – пишува во тужбата, кадешто не е наведено за колкава сума на пари станува збор.
Хедер Холт од актерката бара надомест на плата, камати како и парични казни.