Од токсичните врски е многу тешко да се излезе, но уште потешко е да препознаете дали партнерот покрај вас е „отровен“. Доколку препознаете вакво однесување покрај себе, бегајте од таа врска без разлика на се. Со таков човек ќе бидете само несреќни.
- Смислувате изговори за неговото однесување Кога ќе ве изневери, си кажувате на себе логични причини зошто тоа се случило. На пример „уморен е“ или „бил зафатен на работа“. Меѓутоа длабоко во себе знаете дека тоа не е вистина. Тој не се поправа, а вие и понатака давате се од себе за да го рационализирате и разберете.
- Ви посветува внимание само кога тој сака Еден ден не прозборува со вас, а веќе следниот ден се однесува како ништо да не се случило. Тешко се одлучува да ви посвети време и внимание. Се чувствувате како да сте последна на неговата листа за приоритети.
- Инсистира да ги исполните неговите невозможни стандарди Често не знае всушност што сака, но се што вие ќе направите не е доволно добро. Секој ден е нов напор за да ја одржите врската.
- Никогаш не ве прашува како сте Не сака да знае многу за вас. Во почетокот сепак се однесува како дека му е важно, но со време станува појасно дека не го интересирате многу, освен кога сте му потребни на неговото его.
- Не ве почитува и користи „хумор“ за да ве повреди Ако вие се навредите и се побуните, ќе ви тврди дека тоа било само шала. Што е полошо може и да ве обвини дека сте преосетлива. Го користи хуморот како изговор да ве понижи, а со тек на време тоа може да премине и во секојдневно малтретирање од негова страна.