Хит состојка која може потполно да го замени шекерот

popara8 јуни, 20201min00
103380095_342510836714929_7806558220868937752_n

Белата смрт, како многумина го нарекуваат шеќерот, доби достојна, здрава и вкусна замена.  Имено, научниците утврдиле дека во јаворовиот сируп има преку 20 здрави супстанци кои се антиканцерогени и антибактериски.

Сирупот се добива од кората на јаворовото дрво и наменет е за детоксикација и чистење на организмот. Тој е вкусен и добар додаток на слатките јадења. Чистиот јаворов сируп може лесно да го замени шеќерот, но и вештачките засладувачи кои се штетни. Тој е полн со витамини, минерали и антиоксиданси.Со калориска вредност од 275 калории тој е во предност пред шеќерот, па дури и пред медот.

Користењето сируп од јавор може да ги отстрани токсините од телото, да ги исчисти бубрезите и целиот дигестивен систем, а исто така може да помогне во намалување на крвниот притисок. Покрај тоа, сирупот од јавор содржи и природни феноли.

Овој сируп, кој многумина го поврзуваат со американските палачинки, има пријатен и сладок вкус, неговата боја е темно кафеава и е со средна густина. Се чува во затворени садови на собна температура. Можете да користите едно шише до една година, без страв дека квалитетот ќе се промени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma