Имајте ги на ум овие работи доколку ве контактира поранешниот партнер

popara8 јуни, 20201min00
Screenshot_2020-06-08 Ove stvari imajte na umu ako vas kontaktira bivši partner

Може да биде многу чудно кога поранешниот партнер ќе се појави од никаде и се обидува повторно да воспостави контакт со вас, но со овие совети научете како да се справите со таква ситуација.
Вашиот поранешен партнер одеднаш започна да ви праќа пораки и повеќе од очигледно е дека тој сака да оствари контакт? Веројатно сте шокирани и не ви е лесно – не знаете дали треба да одговорите на пораките и повиците или да ги игнорирате. Ова се неколку совети и работи што треба да ги знаете пред да одлучите повторно да се дружите со таа личност.

  1. Размислете каква трага ќе остави тоа врз вас. Ако боли затоа што се сетивте на лошите и грдите моменти и најдовте среќа по раскунувањето, најдобро е да ја игнорирате пораката и да продолжите понатаму. Запомнете, вие не должите објаснување.
  2. Ако сè уште имате чувства, веројатно ќе сакате веднаш да одговорите. Не правете го тоа, добро размислете и дајте си време.
  3. Дали моментално се гледате со некого? Размислете за нивните чувства пред да „скокнете“ назад во старата врска и да одговори на поранешниот.
  4. Ако врската заврши коректно, тогаш можете да одговорите на пораката веднаш и учтиво, без премногу да се прашувате. Неговите намери ќе ги дознаете многу брзо во секој случај.
  5. Дури и ако сакате повторно да започнете врска со таа личност, дајте си време – оставете ги работите да одат бавно, за да се одвиваат работите подобро овој пат. Задолжително зборувајте за нештата што не беа добра минатиот пат.
  6. Осигурете се дека и двајцата ја сакате истата работа, а тоа најдобро ќе откриете во еден отворен и искрен разговор.
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma