Американската пејачка и глумица Мајли Сајрус е сликана на периферијата на Лос Анџелес додека се шетала со својот дечко, музичарот Коди Симпсон.
Наводно таа одлучила максимално да го искористи денот и да оди на прошетка со дечкото и нивното куче.
Пејачката гордо го покажува своето тело и како води сметка за физичкиот изглед, а тоа што го привлекло вниманието на фановите се нејзините стомачни, но вистинската порака била маската за лице со важна порака.
Носејќи краток црн топ и шорцеви Calvin Klein, таа на прошетката носела и маска со натпис „BLM“ што е кратенка за името на движењето Black Lives Matter. Таа ја носи оваа маска од солидарност и поддршка на движењето откако не успеа да се појави на мирниот протест во Лос Анџелес.
Демонстрациите и протестите се во чест на починатиот Џорџ Флојд, за чие убиство е обвинет полицаецот Дерек Чаувин од Минеаполис, кој при апсење на Флојд го притискал со колено на вратот додека Флојд не починал.
Пејачката на социјалните мрежи напиша и порака – „Не можеме да престанеме да се бориме за правда“ – придружувајќи ја со имињата на афроамериканците кои беа убиени за време на апсење или судир со полиција во последните неколку години.