Принцот Филип исмејуван поради славеничка фотографија

popara10 јуни, 20202min00
profimedia-0444759390

Кралското семејство денес слави посебен ден. Денес, пред 99 години, се роди принцот Филип, а по повод роденденот на војводата од Единбург, беше објавена една од ретките фотографии на кои позира заедно со сопругата, кралицата Елизабета Втора, пет години помлада.

Славеничката фотографија е објавена на официјалниот профил на Инстаграм на кралското семејство, при што принцот Филип позира во костум и вратоврска во боите на британската кралска гарда, додека кралицата Елизабета Втора избра фустан со жолт цветен принт, потпишан од дизајнерот Ангела Кели, елегантен ѓердан од бисер и уникатен брош украсен со дијаманти. Тоа е нејзиниот омилен брош, кој го носеше и во февруари 2018 година, кога ги изненади модните љубителите со појавување на Лондонската модна недела.

Коментарите на фотографијата веднаш почнаа да следат, па меѓу оние кои им го честитаат роденденот и го фалат парот, може да се најдат и – зли. „Филип изгледа како да е на нешто, како Волдеморт“, „дали се сè уште живи?“, „Ова е смешно“, „изгледаат како да се фотошопирани“, се само некои од нив.

Портретот е снимен минатата недела, во градината на замокот Виндзор, каде кралската двојка е во изолација од март поради пандемија на коронавирус. Наместо голема прослава, принцот ќе го прослави роденденот во друштво на кралицата, со интимна вечера во замокот. На роденденската честитка на Филип им се придружија неговиот внук, принцот Вилијам, и неговата сопруга Кејт Мидлтон. На официјалниот профил на Инстаграм, покрај споменатиот портрет на славната личност со сопругата, тие споделија уште две фотографии – едната во која Вилијам позира со дедо му насмеам, а другата во која Кејт е во истото расположение..

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag